сряда, 27 октомври 2010 г.

Во комисијата за лустрација денеска е предадено досието Ибар во кое стои дека актуелен македонски политичар роден во кичевско Зајас учествувал во формирањето на УЧК и за тоа ја известувал тајната полиција во Белград. Во комисијата досието го предал жител на тетовското село Порој.

Досието „Ибар“предадено во Комисијата за лустрација

Во комисијата за лустрација денеска е предадено досието Ибар во кое стои дека актуелен македонски политичар роден во кичевско Зајас учествувал во формирањето на УЧК и за тоа ја известувал тајната полиција во Белград. Во комисијата досието го предал жител на тетовското село Порој.

Од ДУИ со контра обвинувања за оние што ги растураат и делат соработничките досиеја на нивните високи партиски функционери. По објавувањето на досието за соработка со српските тајни служби, под псевдонимот Ибар сите го препознаа лидерот на ДУИ Али Ахмети. Партискиот генерален секретар Адеми тврди дека тоа е фалсификат кој го растураат ментално болни луѓе со цел да им се оддолжат на регионалните тајни служби. Во досието Ибар стои дека човек роден во кичевско Зајас учествувал во формирањето на УЧК и за тоа ја известувал тајната полиција во Белград.

-
Ова е директна војна за да се дискредитира делото и личноста на основачот на ОВК и ОНА, успесите на двете албански војски, воопшто светлата историја на албанскиот народ и успесите на нашиот лидер Али Ахмети и неговите соработници.Ова не може да се оценува поинаку освен како ментална состојба на една група луѓе во раководството на една политичка партија и нивните ментори, изјави Адеми.

Да се обвини, како што наведе Адеми, „еден од основачите на ОВК и првиот човек на ОНА, а сега претседател на најголемата албанска партија во Македонија ДУИ треба да се биде во тешка здравствена ментална состојба или да се биде во огромен долг кон службите во регионот“.

Попладнево ДУИ излезе со уште едно соопштение во врска со случајот.

После војната излегуваат многу самопрогласени членови и команданти на Генералштабот. Во налет на лудост тие кои фалсификуваат досиеја сега се обидуваат да ја фалсификуваат историјата и вистината за војната.

Но историјата се базира на факти, и бидејќи станува збор за блиска историја за среќа постојат факти и документи кои го докажуваат учеството или неучеството во војната, а посебно во раководната и командната структура на Ослободителната народна армија, а со тоа и учеството во структурата на Генералштабот на ОНА.

Му апелираме на раководството на ДПА да не манипулира со луѓето, не ги ставајте луѓето во трагикомична ситуација бидејќи ова нема да ви помогне да ја смените историјата.
Светоста на ОНА не толерира такви потценувања, а посебно не од тие кои беа на спротивната страна на војната.

На албанскиот народ сега веќе крајно му е јасно во чија служба сте вие и дека сте во функција како расколници на народот, бидејќи во политиката веќе немате што да понудите.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=66451









Няма коментари:

Публикуване на коментар