сряда, 27 октомври 2010 г.

Јанко Бачев, разузнувач и политичар - Македонија врие од српски и грчки шпиони

 

Скопје, 6. февруари (ИНПРЕС)
janko_bacevЈанко Бачев, поранешен активен разузнавач и сега лидер на Народното движење за Македонија, во ексклузивното интервју за неделникот Фокус, открива нови поединости за обавештајно - безбедносната обработка на Република Македонија, преку српски и грчки шпиунски инсталации.
Бачев, кој и самиот беше дел од изборната коалиција на ВМРО ДПМНЕ, на последните парламентарни избори, ги обвинува владеачката партија и премиерот Н икола Груевски дека со романтичарски изјави ја замајуваат јавноста, а всушност не сакаат да ја спроведат лустрацијата.
Бачев Тврди дека половината од партиите што се сега во коалиција со ВМРО ДПМНЕ се креација на тајните служби.
- И покрај романтичарските изјави од ВМРО ДПМНЕ дека се многу ожалостени за неуспешната лустрација ( на народот сепак, одвреме - навреме му треба малку романтика), сепак, во заднина најзадоволни се во владеачката партија од неуспехот на лустрацијата, бидејќи кај нив има сериозна бројка на кодоши што сега се распоредени во високата политика, а дури седум партии во нивната коалиција се дело на тајната полиција, тврди Бачев.
Бившиот разузнавач и полиицсики функционер, отворено се заканува дека ќе ја измести лустрацијата од соодветната Комисија во јавноста и медиумите.
- Јас и мојата партија, во догледно време, ќе бараме начин во Македонија, сепак да има некои резултати од лустрацијата, вели Бачев.
Со слична изјава излезе и лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, поранешен министер и висок партиски функционер на ВМНО ДПМНЕ, кој исто така имал увид во тајните досиеа.
Бачев тврди дека  СПЦ инсталирана црква во Македонија - ПОА и дека Јован Вранишковски е шпион на српската и на грчката тајна служба. Тој е врбуван од Грците во Солун и од нив добива пари за својата подривачка активност против МПЦ и Република Македонија, тврди Бачев.
Бачев наведува сума во илјадници евра што му биле давани на Јован, потоа  сметки во три грчки банки и слично. На рака на расколникот Јован, му одат инсталации во власта и полицијата во Македонија. На тој начин Јован, во време кога се водела истражна постапка против него, добива пасош од полицијата во Битола, како и пиштол, без да се направи соодветна безбедносна проценка. Тој додава дека Јован Вранишкоски бил следен и оперативно обработуван од македонската тајна полиција, за што нуди докази.
Јанко Бачев обелоденува дека и лидери на ,, најмалку две национални партии во Македонија,, се соработници на српската тајна служба, а се во коалиција со Груевски.
- Отпадникот Вранишкоски, е на долгодишна врска со српската и грчката разузнувачка служба. Инструкции за дејствување најчесто добива од Регионалниот центар на српската разузнавачка служба во Ниш и од Подцентарот во Врање, тврди Бачев идодава дека Јован  развива своја мрежа во Македонија.
Бачев, тврди дека и грчките инсталации на тајните служби се градени со небудност и припомош на високи претставници на власта и полицијата, дека нивниот резидентен шеф стасал до пријателство со највисоки претставници на власта и политички лидери. Не говори директно, но сепак доволно јасно алудира на Манолис, кој дотурка и до прв човек на ОКТА во Македонија, во времето кога премиер беше Љупчо Гергиевски, а министер на надлежен ресор за продажбата сегашниот премиер Никола Груевски. (Крај)

Няма коментари:

Публикуване на коментар