сряда, 27 октомври 2010 г.

Македонците Славобугари според грчките хакери!

"Македонија е една и грчка “– порачува група грчки хакери. Тие доцна синоќа влегоа на 850 интернет страници од целиот свет каде што фигурира терминот Република Македонија.

“Македонската администрација се залага за она што им припаѓа на Македонија и Македонците. Скопје многу години се однесува како терорист на Балканот“, ова е дел од таканаречената декларација на групата Грчка хакерска сцена.

И покрај тоа што се работи за сајтови од различни области од различни земји како на пример Австрија, Србија, Кина, Перу, Шведска, Кипар , Јужна Африка, хакерите оставија порака на лош македонски јазик.

Република Македонија ја нарекуваат Поранешна Југословенска Република Вардарска, а Македонците Славобугари. Во текстот на неколку страни, хакерите се обидуваат да ги објаснат своите позиции, но и да предупредат дека Албанците кои живеат во Македонија имаат за цел да ја окупираат земјата.

На крај упатуваат порака дека Грците не се непријатели.

“Ако продолжите да се однесувате чудно, наскоро вашата држава ќе биде изгубена и вие ќе трчате да барате помош од Грците и вистинските Македонци, порачуваат од групата Грчка хакерска сцена.

Тие за нападот го одбрале празникот Свети Димитрија, заштитник на градот Солун или како што велат 26-ти октомври Денот на македонскиот главен град Тесалоники.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=66421

Няма коментари:

Публикуване на коментар