вторник, 16 ноември 2010 г.

„Битолски натпис“ (11 век)?,

Таканаречениот Битолски натпис или Битолска плоча е откриен во текот на 1956 год. во битолската Чауш-џамија, а денес се наоѓа во Историскиот Музеј во Битола.

Плочата содржи кирилски натпис и неговата оригинална содржина на старобугарски јазик е следната:

„ † Въ лѣто Ѕ ҃Ф ҃К ҃Г ҃ отъ створенїа мира обнови сѧ съ градь зидаемъ и дѣлаемъ Їѡаном самодрьжъцемъ блъгарьскомь и помощїѫ и молїтвамї прѣс ҃тыѧ влад ҃чицѧ нашеѧ Б ҃чѧ ї въз()стѫпенїе І ҃В ҃ ı връховънюю ап ҃лъсъ же градь дѣлань бысть на ѹбѣжище и на сп҃сенѥ ї на жизнь бльгаромъ начѧть же бысть градь сь Битола м ҃ца окто ҃вра въ К ҃. Конъчѣ же сѧ м ҃ца ... исходѧща съ самодрьжъць быстъ бльгарїнь родомь ѹнѹкъ Николы же ї Риѱимиѧ благовѣрьнѹ сынь Арона Самоила же брата сѫща ц ҃рѣ самодрьжавьнаго іаже ı разбїсте въ Щїпонѣ грьчьскѫ воїскѫ ц ҃рѣ Васїлїа кде же взѧто бы злато ... фоѧ съжев ... ц҃рь разбїенъ бы ц҃рѣмь Васїлїемь Ѕ ҃Ф ҃К ҃В ҃ г. лтѣ оть створенїѧ мира ... їѹ съп() лѣтѹ семѹ и сходѧщѹ “




Превод на современ македонски јазик:

„ † Во 6523 година од создавањето на светот [1015-1016] се обнови оваа тврдина sидана и правена од Јоан самодржец бугарски и со помош и со молитвите на пресветата владичица наша Богородица и застапувањето на врховните апостоли таа тврдина беше направена за засолниште и за спасување и за животот на Бугарите. Започната беше тврдината Битола во месец октомври во 20 ден, а се заврши во месец ... во крај. Тој самодржец беше Бугарин по род внук на благоверните Никола и Рипсимија, син на Арон, кој е брат на самодржавниот цар Самуил и кои двајца ја победија во Штипон грчката војска на цар Василиј каде беше земено злато ... а овој в ... цар е победен од цар Василиј во 6522 година од создавањето на светот во Клуч и почина во крајот на летото. “


Мнозинството од истражувачите го поврзуваат натписот со царот Јован Владислав, син на Арон (братот на царот Самуил), коj го управувал Самуиловото царство во периодот. Некои историчари го поврзуваат со бугарскиот цар Јован Асен II, коj управувал во периодот 1218-1241.
 Од сето ова останува логичното прашање, ДО КОГА ИСТОРИЧАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПИШУВААТ ИСТОРИЈА, КОЈА СЕ ОСНОВА НА СЛОБОДНИ ПРОЗА РАСКАЗИ И ЌЕ ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ ФАКТИТЕ И АРТЕФАКТИТЕ КОИ САМИ ГИ ОТКРИВААТ? 
Мислам дека е крајно време луѓето кои живеат во Р. Македонија да ја знајат вистината!


1 коментар: